Реал Мадрид го тресе екстра криза

Мадрискиот весник „Марка“ кој секогаш има точни информации поврзани со Реал Мадирд, тврди дека резултаската криза е проследена и со лошите меѓусебни односи помеѓу фдбалерите.
Весникот тврди дека затегнати биле односите помеѓу двајцата клучни играчи на клубот капитенот Серхио Рамос и најдобриот играч и стрелец Кристијано Роналдо.
Наводно Рамос не се согласува со Португалецот околу неговата изјава дека причина за слабите резултати е таа што клубот во летниот преоден рок го напуштиле Хамес Родригес, Алваро Мората и Пепе.
Од друга страна Рамос смета дека афирмацијата на малдите играчи како Марко Асенсио, Дани Себаљос, Начо и останатите е вистинскиот пат по кој Реал треба да се движи.
Реал заостанува осум бода зад Барселона по само 11 одиграни натпревари во Ла Лига, а не блеска и во Лигата на шампионите, иако ќе обезбеди пласман во осмина-финалето.
Дека односот помеѓу Рамос и Роналдо не е најдобар потврдува и изјавата на Шпанецот по пријателскиот натпревар помеѓу Шпанија и Русија (3:3).
Новинарите го прашале да ги коментира шпекулациите околу можниот трансфер на Нејмар во Реал.
„Клупските порти му с еотворени“, а потоа Рамос прокоментирал и за заминувањето на Роналдо: „Кристијано заминува? Не знам ништо околу тоа, ќе мора него да го прашате“.
Реал утревечер од 20:45 ќе му гостува на Атлетико во градското дерби кое ќе се одигра во 12.коло во шпанскиот шампионат.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
