Реал против Сити во четвртфиналето на Лигата на шампионите
Двајца од најголемите фаворити во Лигата на шампионите – актуелниот освојувач на трофејот Манчестер Сити и најтрофејниот клуб на турнирот, Реал Мадрид ќе се сретнат во четвртфиналето, одлучи денешната ждрепка во Нион.
Победникот од оваа двојка во полуфиналето ќе се сретне или со Арсенал или со Баерн Минхен.
Екипата на Атлетико Мадрид, која во претходната фаза го елиминира Интер, ќе игра во четвртфиналето против Борусија Дортмунд, а Пари Сен Жермен и Барселона ќе спорат меѓу себе за пласман во полуфиналето.
Минатата сезона „граѓаните“ во полуфиналето ги совладаа „белите“ со вкупен резултат 5:1. Една година претходно, двата тима се сретнаа во иста фаза, но тогаш победник беше „кралскиот клуб“. Така, тоа ќе биде трета сезона по ред како Манчестер Сити и Реал Мадрид се среќаваат во нокаут фазата од Лигата на шампионите, како и четврта меѓусебна средба во претходните пет години.
Најдобриот стрелец на Баерн, Хари Кејн ќе се врати во Лондон за пресметката со Арсенал. Минатата сезона Баварците беа тие кои ги елиминираа „топчиите“ по успехот со вкупен резултат 10:2 во осминафиналето. Во досегашните 12 средби, Баерн победи седум пати, наспроти само три триумфи на Арсенал.
Првите натпревари од четвртфиналето ќе се играат на 9 и 10 април, а реваншите се една недела подоцна - на 16 и 17 април. Полуфиналните натпревари се на 30 април/1 мај и 7/8 мај, а финалето на Вембли е закажано за 1 јуни.
Ждрепка за четвртфиналето на ЛШ:
Арсенал - Баерн Минхен
Атлетико Мадрид - Борусија Дортмунд
Реал Мадрид - Манчестер Сити
Пари Сен Жермен - Барселона
Ждрепка за полуфинале:
Атлетико Мадрид/Борусија Дортмунд – ПСЖ/Барселона
Арсенал/Баерн Минхен - Реал/Манчестер Сити.
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава