Реализирани се 133 проекти за рурална инфраструктура со грант средства од ИПА
Завршени се целосно сите градежни работи финансирани преку ИПА грантот за рурална инфраструктура, во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги - МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии. Станува збор за 133 капитални проекти реализирани во 78 општини во земјава, кои имаат за цел подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и решавање на инфраструктурните проблеми.
Вкупната вредност на овие проекти изнесува 16,9 милиони евра, од кои 12,7 милиони евра се грант - неповратни средства од Европската унија, додека 4,2 милиони евра се обезбедени од Буџетот.
Најголем број од реализираните проекти се во изградба и реконструкција на локални патишта, за кои во 58 општини инвестирани се 12,4 милиони евра. Во изградба на јавни објекти инвестирани се 5,9 милиони евра, во комунална инфраструктура 3,8 милиони евра итн.
Голем дел од овие проекти се веќе ставени во употреба, додека дел од нив наскоро официјално ќе се пуштат во успотреба. На пример, денес во општина Петровец официјално ќе се пуштат нов локален пат и две реконструирани улици во вредност од 260.000 евра.
Инаку, грант средствата за развој на рурална инфраструктура се обезбедени од Европската унија на барање на Владата, а истите се администрирани преку Проектот за подобрување на општински услуги, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка.
Ново на Сител
-
Приведени 20-годишник и малолетник од тетовско, пронајдена марихуана и нож во нивното возило
-
Бегалец од затвор при преглед на неговото возило приложил фалсификувани бугарски документи за идентификација
-
Кешишев се прекрстува и се упатуваат кон Велес, снимки презентирани на судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет
-
Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа
-
Мувлосаниот леб нема здрави делови, фрлете го цел
-
Естонија прогласена за земја со најчист воздух во светот
-
Веројатноста дека астероидот „ЈР-4“ ќе удри во Земјата се искачи на 3,1 отсто