Ребалансот на Буџетот на владина седница
Ребалансот на Буџетот за 2019 година подготвен од Министерството за финансии, а во чија крајна фаза се вклучи и новата министерка Нина Ангеловска, денеска треба да биде разгледан на владина седница.
Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека подготовката на ребалансот е во финална фаза и дека тој треба да даде поддршка на поддршка на капиталните проекти и на новите мерки за повисоки плати и за подобри услуги за граѓаните.
Една од мерките што ќе биде вградена во ребалансот е државата да ги покрива придонесите за здравствено и пензиско осигурување, доколку работодавачот ја зголеми платата на работниците во нето износ од 25 отсто од просечната плата.
Мерката треба да почне да се применува од октомври годинава, а со неа.
Ангеловска на првиот ден од нејзиното преземање на функцијата во интервју за МИА посочи дека во последните денови била вклучена во завршната фаза и потенцира дека мерката ќе се имплементира во последните два месеца од годинава, од 1 октомври.
-Пресметката е вклучена во ребалансот и сметам дека е добро тоа што мерката ќе овозможи малите и средни компании и воопшто компании да можат да дадат поголеми плати, а притоа да бидат ослободени од плаќање на придонесите.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден