Речиси 500 китови угинати во масовно насукување близу Нов Зеланд
Властите на Нов Зеланд денеска потврдија дека 477 китови загинале во две неодамнешни насукања во, како што ја нарекоа – една од најголемите вакви несреќи во земјата.
Насукувањето се случило на пооддалечената група Острови Чатам, на околу 840 километри од источниот брег на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Во саботата 232 животни се насукале на главниот остров од архипелагот, а уште 245 се најдени во понеделникот на островот Пит, 40 километри северно. Еколошката добротворна организација „Проект Џона“ смета дека ова е едно од најголемите насукувања во Нов Зеланд.
„Обично, при големи масовни насукувања на Фејрвел Спит (‘рт на Јужниот Остров), просечно угинуваат 70-80 китови“, соопшти организацијата.
Насукувањето китови не е невообичаено на Островите Чатам. Најголемиот поединечен настан е забележан 1918 година, кога угинале над 1.000 животни. Добротворното здружение соопшти дека презема обиди за спасување секаде каде што тоа е можно.
Ново на Сител
-

Мицкоски од Нови Сад: Народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом
-

19-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во Скопје
-

Алиу: Законот ги штити децата и непушачите, усогласен е со сите засегнати страни
-

Километарски колони и доцнења на граничниот премин Евзони/ Богородица за влез во Грција
-

Влaдатa нajaви пoeвтинувањe нa дизeлoт за 6,5 денари
-

Аеродромот во Минхен затворен еден час поради пријавени нарушувања од пилоти, за кои имало сомнеж дека се предизвикани од дрон
-

Мицкоски: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е компромисно решение на засегнатите
-

Мицкоски ќе се обрати на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ во Нови Сад
