Речиси милион евакуирани на Филипините поради супертјфунот „Фунуон“

Речиси еден милион жители на Филипините се евакуирани поради приближувањето на супертјфунот „Фунуон“, кој донесе силни ветрови и поројни дождови, помалку од една недела откако друг моќен тајфун однесе над 200 животи, јави ДПА.
Националната агенција за справување со катастрофи соопшти дека повеќе од 900.000 лица се евакуирани од источните, централните и северните покраини кои се наоѓаат на патеката на тајфунот.
Во делови од источните покраини веќе е прекинато снабдувањето со електрична енергија пред очекуваното пристигнување на „Фунуон“ вечерва.
-Повторно ја повикуваме јавноста да биде подготвена, да ги следи предупредувањата и да преземе превентивни мерки, бидејќи тајфунот се приближува, изјави заменик-администраторот на националната служба за цивилна заштита, Бернардо Рафаелито Алехандро. Тој апелираше до населението да соработува, но да остане смирено, истакнувајќи дека постојат протоколи кои мора да се следат заради заштита на животите.
Според метеоролошката служба, бурата има постојани ветрови од 185 километри на час и налети до 230 километри на час. Се движи западно-северозападно со брзина од 25 километри на час и се очекува да ја погоди северната покраина Аурора доцна вечерва или во раните утрински часови.
Властите проценуваат дека околу 8,4 милиони луѓе би можеле да бидат засегнати од супертјфунот, меѓу кои 5,7 милиони жители во крајбрежните подрачја.
Филипините се погодени од просечно околу 20 тропски циклони годишно. Еден од најсилните, супертјфунот „Хаијан“ во ноември 2013 година, однесе повеќе од 6.300 животи.
МИА
Ново на Сител
-

Стабилно и потопло време во наредните денови
-

Повеќе од една година на незапирлив раст: Како НАН го трансформираше пазарот за наплата на побарувања во Македонија
-

АХВ: Спорната бебешка храна на HiPP не е увезена во Македонија
-

Сведок на судењето за „Пулс“: Се заглавив меѓу вратите, обезбедувањето ме извлече во последен момент
-

Бројот имигранти во ЕУ достигнал рекордни 64,2 милиони
-

Автобус се преврте на патот кон бугарско-турската граница кај Мало Трново, има загинати и повредени
-

Зголемена стапката на даночно затајување во Грција – на прво место автосервисите
-

Воени планери во Лондон на разговори за мисија во Ормуската Теснина
