Рецитал на виолинистот Олег Кондратенко
Македонскиот виолинист Олег Кондратенко вечер ќе одржи рецитал во камерната сала на Македонската филхармонија, каде ќе настапи со пијанистката Марија Ѓошевска, која освен на пијано, ќе свири и на чембало.
На програмата се дела од Георг Фридрих Хендл (Соната за виолина и чембало во D-dur), Јоханес Брамс (Соната за виолина и пијано бр. 2), Оливие Месијан (Тема и варијации за виолина и пијано) и Рихард Штраус (Соната за виолина и пијано Es-dur).
Олег Кондратенко (1973) почнува да свири виолина на седумгодишна возраст. Го завршува нижото и средното образование во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје во класата на професорите П. Николов и Р. Димитриев. Студиите ги продолжува во Ротердам, во класите на проф. И. Груберт и З. Гилелс, каде ја завршува првата година. Кондратенко дипломира на ФМУ во класата на проф. Зоран Димитровски, по што завршува постипломнски студии на Високата школа во Келн.
Концертира во Русија, Холандија, Германија, Данска, Египет, Унгарија, Австрија, Хрватска, Полска, на фестивалите „Охридско“ и „Скопско лето“, а одржува и повеќе настапи со Македонската филхармонија. Моментно, Кондратенко е редовен професор на ФМУ во Скопје. Во периодот од 2010-2014 беше професор и на ФМУ „Гоце Делчев“ во Штип. Од 2000 до 2007 година, Олег Кондратенко е солист и концертмајстор на камерниот оркестар „Јунге Филхармоние“ од Келн со кого само во 2005 година во рамките на летната турнеја низ Германија оствари 39 солистички настапи. Од 2008 година е раководител и концерт мајстор на „Фејмс“ филмскиот оркестар со кого во последните девет години е снимен музички материјал за над 3000 проекти, меѓу кои се филмови, мјузикли, театарски претстави..., „Еми“ награда и „Греми“ номинација. Во 2015 година добитник е на наградата „Виртуози“.
Ново на Сител
-
Кремљ: Путин ќе разговара со Трамп откако Виткоф ќе му ги пренесе информациите што ги доби од Москва
-
Донатела Версаче замина во пензија
-
Украинските сили ноќеска собориле 16 од 27 руски дрона
-
Зеленски во Турција гледа партнер во безбедносните гаранции за Украина
-
Неизвесно продолжувањето на санкциите на ЕУ кон Русија
-
Над половина од Американците сметаат дека Трамп е премногу близок со Русија
-
Американската амбасада во Белград издаде безбедносно предупредување во врска со утрешниот протест
-
Сити го продава Грилиш