-->
-->
Редок, необичен цвет виден повторно по 150 години
-->

Цветот со латинско име „Thismia neptunis“ можеби и не изгледа како билка, но сепак припаѓа на растителниот свет.
Во 1866 година, италијанскиот ботаничар Одоардо Бекари низ џунглите во Малезија, забележал еден многу необичен организам. Тој нема листови, не произведува хлорофил и не врши фотосинтеза, виреел подземно, а личи на инсект. Бекари го документирал ова откритие, а низ белешките приложил и цртеж.
Сепак, во наредните 150 години никој не го видел цветот, се до експедицијата на биолози од Институтот за земјоделски истражувања од Чешка, кои лани го истражувале истото подрачје каде што бил и Бекари.
Така, денес, покрај цртежите на Италијанецот, за првпат во историјата постојат и фотографии од ова необнично растение.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поплава во ТППЕ Прилеп
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Пропадна обидот на Левица за опозициски состанок за Изборниот
-

Ново видео со врсничко насилство
-

Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов
-

Градежно вештачење за „Пулс“, безбедноста целосно игнорирана
-

Драстично поскапува дизелот
-

Граѓаните пријавиле доход од речиси 10 милијарди евра остварен лани
