Редок природен феномен во Албанија: Вулкан од кал се појави кај Белш

На висорамнината Думре, во близина на Белш, централна Албанија, се појави редок природен феномен познат како вулкан од кал.
Според првичните информации без никакви претходни потреси или предупредувања, се отворил кратер со голем дијаметар, ослободувајќи огромни облаци природен гас во воздухот и изнесувајќи илјадници тони врела сулфурна кал на површината.
– По настанот, геолози и други стручни лица излегле на терен за да ја испитаат причината за појавата и да ја проценат безбедноста на околината. Според нивните првични процени, феноменот е поврзан со акумулација на природни гасови во подземните слоеви, објави newsin.al.
Надлежните институции го обезбедиле местото и апелирале граѓаните да не се приближуваат додека траат испитувањата. Во наредниот период ќе бидат извршени дополнителни анализи за составот на гасовите и калта, како а ќе се изврши и процена на можните последици врз животната средина.
МИА
Ново на Сител
-

Ден по големото невреме што го погоди Скопје
-

Во Гостивар состојбата се следи тековно
-

Реконструирано одделението за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија во Македонија
-

Незадоволство во Ѓуземелци, од Општина Лозово велат дека се дезинформации
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
