Реферирање за борбената готовност на Армијата пред врховниот командант
Во Домот на Армијата во Скопје, пред претседателот и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски денеска, како редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот на Армијата, ќе се реализира реферирање за состојбата со борбената готовност на Армијата во тековната 2020 година.
Како што најави Генералштабот на Армијата, на брифингот за борбена готовност, кој е прв по полноправното членство во НАТО, ќе присуствува и ќе се обрати и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
– Претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски од страна на началникот на Генералштабот, генерал- потполковник Васко Ѓурчиновски ќе биде информиран за состојбата, обемот на реализација на плановите и задачите на Армијата во тековната 2020 година кои влијаат на борбената готовност на Армијата, посочуваат во соопштението.
На реферирањето на кој ќе бидат присутни и генералите во Армијата и членови од кабинетот на претседателот ќе биде презентирана состојбата во Армијата, согласно функционалните области: персонален менаџмент, морал, операции, обука и вежби, логистичко обезбедување, планирање, врски и комуникации, буџетирање и цивилно-воена соработка, како и трансформациските и интегративните процеси согласно НАТО стандардите.
Ново на Сител
-

Државно финале на „Плазма - Спортските игри“: 600 млади се борат за пласман во Сплит
-

Дуња Иванова со највисок светски ранг во македонскиот велосипедизам
-

До петок нестабилно време со повремени врнежи од дожд
-

Професорка од Штип побарала 300 евра мито на студент од Турција за положување испит
-

Опасна неексплодирана граната пронајдена кај границата со Грција
-

СП 2026: Мароко осминафиналист – Холандија го заврши настапот на Мундијалот
-

Пожар кај скопско Визбегово
-

Последен поздрав за Владо Јаневски вечерва пред арената „Борис Трајковски"
