Македонија
21. December 2023 - 12:23

Регионален центар за стручно образование во Струмица

Средното општинско училиште Никола Карев од Струмица од 1 јануари прераснува во регионален центар за стручно образование и обука за Југоисточниот регион  Трансформацијата се прави во соработка со проектот на Европската Унија ,,Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни,,. Центарот  ќе покрива 7 средни училишта во општините Струмица, Радовиш, Гевгелија, Валандово и Богданци, во кои во учебната 2021/22 година учеле над 3.100 ученици. Од училиштето велат дека се подготвени и ќе одговорат на сите нови предизвици.

Државниот секретар во министерството за образование  Билјана Казанџиска, смета дека трансформацијата на училиштето треба   да биде двигател на образованието и да овозможи на градење на квалификуван кадар кој одговара на барањата на пазарот на трудот.

За Људмил Ковачев кој е  водач на проектниот тим регионалните центри имаат клучна улога за развој на средното образование за сите средни училишта во регионот. Тие треба да имат блиска соработка со локалната заедница, локалниот бизнис сектор, како и со локалните власти.

Освен во Струмица  вакви регионални центри за стручно образование се формирани и во Велес, Тетово, Куманово и Охрид.