Регионален форум за управување со отпад - „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“

Регионален форум за управување со отпад - „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“, финансиран од Шведска и имплементиран од SALAR International, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС
Форумот ќе го отвори амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Солстром, а воведни обраќања ќе имаат заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, министерот за локална самоуправа Златко Перински, извршната директорка на ЗЕЛС Душица Перишиќ и извршниот директор на SALAR International Рајан Нокс.
На форумот ќе учествуваат и повеќе градоначалници од Пелагонискиот и Југозападниот регион, претставници на општините, јавните комунални претпријатија, граѓански организации, како и претставници на меѓународната заедница и експерти од регионот и Шведска.
Во рамки на форумот ќе се дискутира за клучните аспекти на одржливото управување со отпад, вклучително и регионалното планирање, инвестициите и инфраструктурата, институционалната и меѓуопштинската координација, како и вклучувањето на граѓаните во процесите.
По завршувањето на Форумот, започнува и работниот дел од настанот каде претставниците на општините ќе земат учество во работилници посветени на подготовката на Регионалниот план за управување со отпад за Пелагонискиот и Југозападниот регион (2026–2032).
Ново на Сител
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
