Регионална конференција за промоција на програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2”
Регионална конференција за промоција на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2” ќе се одржи денеска во Скопје.
Како што најавуваат организаторите, поздравни обраќања ќе одржат министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, Верена Тејлор, директорка на канцеларијата на Генералниот директорат за програми на Советот на Европа, и Колин Волф, шеф на Одделот за регионална соработка и програми за Западен Балкан при Генералниот директорат за добрососедска политика и преговори за проширување на ЕК.
Во рамките на настанот предвидени се паралелни тематски работилници, од кои секоја ќе покрива теми од четирите главни тематски области: обезбедување правда (затвори и полиција; правда и човекови права), борба против корупција, економски криминал и перење пари, борба против дискриминацијата и заштита на правата на ранливите групи (образование, човекови права и спречување дискриминација; трговија со луѓе) и слобода на изразување и медиуми.
– Дополнително ќе се одржат две пленарни сесии со цел да се изведат заклучоци од секоја работилница и да се одлучи како на ефикасен начин да се преточат целите на програмата „Хоризонтален инструмент 2“ во конкретни придобивки за граѓаните од Западен Балкан и од Турција, посочуваат организаторите за конференцијата за регионална промоција на втората фаза од програмата.
Втората фаза од програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција” се однесува за периодот 2019 – 2022 година и е со вредност од 41 милион евра. Ќе опфати активности во Северна Македонија, Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора и во Србија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат