-->
-->
Регионална лига за оживување на благородната вештина
-->

-Регионална боксерска лига е тема на која се разговараше доста во минатите години. Меѓутоа се досега не се превзеде ништо конкретно. На еден од состаноците за соработка на боксерскте работници од регионов во Нови Сад и Лозница,повторно се отвори темата за оваков тип натпреварување, и по иницијатива на неколку клубови од Србија, беа свикани уште неколку состаноци и веќе подоцна во Скопје,Бања Лука и Загреб идејава прерасна во реализација. Беше изгласан правилник,раководство и регистриран правен субјект.Календарот за почеток е заокружен на 4/5.03.2017.
По 25 години пауза се е спремно за боксерска лига од балкански размери.
Во првата сезона за титулата ке се борат 7 клуба од 4 држави.Лозница,Лазаревац и Војводина-Спартак ќе ги бранат боите на Србија,Радник-Бјелина и Славија-Бања Лука од Босна и Херцеговина,Сесвете ќе ја претставува Хрватска и Боксерскиот Клуб Пинк Пантер-Македонија.
Догодина веќе има интерес и од клубови од други држави,па ништо не ја исклучува можноста за воведување и втора лига!
Од заинтересираноста на спонзори,медиуми и спортски критичари се виде дека регионалната лига привлече доста внимание и дека благородната вештина повторно ке биде водечки спорт за навивачите,салите секогаш ке се преполни,спорт кој ке ги врати моментите кога боксот се гледаше повеке од фудбалот и ке биде спорт во регионот преку кој што ќе се истакнува моќта на нацијата
По тој Повод во Понеделник и Вторник 6 и 7. 02.2017 година во Македонија
пристигнуваат :
* Јурица Рунтиќ - претседател на У.О на регионална Боксерка лига (Сплит Хрватска)
* Жељка Бошњаковиќ - Директор на Вокор Медиа ( менаџерска куќа од Загреб Хрватска) која ќе ја застапува регионалната лига)
* Илија Младеновски - потпретседател на Боксерски клуб "Пинк Пантер" - Штип
* Димитар Ташков - директор на Б.К "Пинк Пантер" Штип
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
-

Димитриевски: Жртвата на загинатите припадници на безбедносните сили е симбол на храброст и посветеност
-

Израел соопшти дека биле извршени 85 напади врз цели на Хезболах во Либан за еден ден
