Македонија
31. October 2024 - 15:41

Регистриран земјотрес во близина на Охрид

Попладнево земјотрес со јачина  од 2,3 степени е регистриран во 13:30 часот во близина на Охрид.

Според податоците на Евро-Медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) земјотресот бил на 14 километри источно од Охрид и на длабочина од 15 километри.