Македонија
14. February 2022 - 10:56

Регистрирани тројца заразени со стелт омикрон во Македонија

Кај тројца заразени ковид пациенти во Македонија регистриран е подвидот на сојот омикрон, наречен БА.2 или како што некои научници го нарекуваат „стелт омикрон“ неофицијално дознава „Фокус“.

Според информации на Фокус пациентите заразени со новиот подвид се двајца од Скопје и еден од Струмица. Нашите извори тврдат дека во лабораторијата на Институтот за јавно здравје направена е типизација на 41 примерок од кои  35 граѓани се носители само на омикрон, додека тројца на новиот подвид.  Исто така, се уште е присутен и делта сојот, кој дава потешка клиничка слика на заразените.

Според симптомите, тој е позаразен и побрзо се шири, но исто така има полесна клиничка слика.