Реконструиран Домот на културата во Мралино

Во село Мралино во Општина Илинден заврши реконструкцијата на Домот на културата „Мралино“, кој беше пуштен во употреба со пригодна културно-уметничка програма изведена од ученици од подрачното основно училиште „Ристо Крле“ од Мралино и Ансамблот за народни песни и ора „Илинден“.
- Со пуштањето во употреба на овој дом на култура, жителите на Мралино добиваат простории каде што ќе можат да се дружат, да организираат разни манифестации, средби и состаноци. Домот на културата ќе можат да го користат месните заедници, здруженијата на пензионери, здруженијата на жени, на младинци, спортските друштва, односно сите граѓани што ќе имаат потреба за тоа, соопшти Општина Илинден.
Домот на култура во Мралино има површина од 250 метри квадратни и обезбеден бесплатен безжичен интернет. Со него општината ја заокружува реализацијата на капиталниот проект „Изградба, санација и реконструукција на 10 домови на култура“. Во рамки на проектот се изградени, реконструирани, опремени и предадени во употреба девет домови на културата: „Илинден“, „Кадино“, „Мршевци“, „Бујковци“, „Дељадровци“, „Бучинци“, „Бунарџик“, „Текија“ и „Ајватовци“.
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
