Македонија
23. јуни 2017 - 15:37

Реконструиран водоводот и коловозот на „Људевит Гај" во Дебар Маало

Општина Центар целосно ја реконструира улицата „Људевит Гај“ во Дебар Маало. Поради дотраеност на постојната водоводна инсталација, извршена комплетна обнова на водоводовната мрежа во должина од 71 метар, со пречник од 80мм, како и приклучување на пет постојни и два нови објекта.

Со реконструкцијата се овозможи квалитетно снабдување со вода на постојните објекти и идните објекти предвидени со планска документација, соопшти општина Центар.

На коловозот е поставена асфалтна подлога на површина од 420м². 

Ова е 17-та улица што се реконструира во Дебар Маало за време на овој четиригодишен мандат на локалната самоуправа.