-->
-->
Реконструирана детската градинка Цветови во Кочани
-->
Општина Кочани во соработка со Швајцарската агенција на развој и соработка го заврши проектот за реконструкција на Детската градинка „Цветови“ која работи во состав на КЈДГ „Павлина Велјанова“ во Кочани. Во реконструкцијата главен акцент беше даден на замената на прозорците и вратите со цел поголема енергетска ефиканост во градинката.
- Проектот заеднички го реализиравме со компанијата „Фармакем“ од Скопје и Секо-Швајцарската агенција за развој и соработка. Во вкупната вредност на проектот донаторите од Швајцарија учествуваа со 700 илјади евра додека останатите 180 илјади евра ги обезбеди Општината, информира градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски.
Со ова рече тој, објектот на Детската градинка Цветови енергетски ќе биде поефикасен, ќе се заштеди на електричната енергија, а децата ќе имаат подобри услови за работа.
- Овој проект е во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија на Швајцарската агенција за развој и соработка. Акцентот го ставивме во општините на Брегалничкиот регион,односно во Источниот плански регион. Опфатени се проекти на 13 општини од ИПР кои се однесуваат на еколошките практики, енергетската ефикасност, ни изјави Јасминка Пашалиска Андоновска, координатор на програмата за зачувување на природата во Македонија.
Според Пашалиска Андонова, во општина Кочани преку оваа програма се реализира уште еден проект кој се однесува на подобрувањето на пристапот кон водопадите на Браната Градче за поголема промоција на биодиверзитетот и туристичката понуда на овој локалитет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучување за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучувањето за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, воено политички експерт
-
Мицкоски: Ние сме усогласени со надворешната политика на ЕУ
-
Владата го усвои предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски
-
Влада ги отфрли доказите на СДСМ за работењето на Меџити - немало злоупотреба на положбата
-
Европратеник Вајц: И покрај Украина, проширувањето е висок приротитет на ЕУ
-
Македонија во Обединетите нации гласаше усогласено со ставот на САД