Реконструкција и рехабилитација на главните сообраќајници во Општина Илинден
Во рамки на одбележувањето на Денот на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ, по комплетната реконструкција и рехабилитација, на свечен начин беа предадени во употреба улиците „2“ и „9“ во населба Илинден.
Овие главни сообраќајници во Општина Илинден во вкупна должина од 2.000 метри, во употреба денеска ги предаде градоначалникот Жика Стојановски.
Со градежните активности на овие улици зафатени се и атмосферските води од коловозот во сливници, а е извршено и обележување со сообраќајна сигнализација.
Вкупната вредност на проектот е 13,2 милиони денари, сопствени средства обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.
Од почетокот на годината досега реконструирани се 6 улици во должина од 4.400 метри, и изграден е нов мост во Кадино. Вкупната инвестиција за реализацијата на овие проекти изнесува 25 милиони денари.
Во рамки на подобрувањето на инфраструктурата во економските зони и во стопанските комплекси изградени се 7 нови улици и тоа во: економската зона Карагач, економската зона Марино-Кадино и стопанскиот комплекс Илинден со вкупна должина од 3.200 метри. Вредноста на инвестицијата изнесува 22 милиони денари.
Реализирајќи го проектот подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалните улици и патишта и подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и локалните економски зони од почетокот на годината досега Општина Илинден од сопствени средства од буџетот инвестираше вкупно 47 милиони денари, при што се изградени 7.600 метри локални улици и патишта.
Ново на Сител
-
Честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици
-
Најстудено во Берово -13 степени, најмногу снег на Попова Шапка
-
Ограбен автомобил на бугарски државјанин во Скопје, осомничени двајца соизвршители
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици
-
Лазаров: Мораме да ја победиме Гвинеја
-
Православните верници го слават Богојавление - Водици
-
Учениците утре се враќаат на настава во второто полугодие од учебната 2024-2025
-
Доналд Tрамп планира патување во Кина по инаугурацијата