Балкан
4. May 2023 - 12:17

Реконструкција на масакрот во Белград: Испукал вкупно 57 куршуми од кои 14 во чуварот

14-годишниот Коста Кецмановиќ вчера наутро изврши масакр што ја стави Србија и целиот регион во шок.

Во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград, на Врачар, вчера во 8 часот и 40 минути се слушнало страшно пукање. 

Ученикот од седмо одделение Коста Кецмановиќ нешто по 8 часот и 30 минути влегол во училиштето и од ранецот извадил пиштол.

„Околу 08:40 часот итна помош повикала Иванка Јовановиќ, помошник-директор на училиштето... Таа пријавила дека во училиштето влегло дете со огнено оружје и пукало“, изјави Веселин Милиќ, началник на белградската полиција.

Момчето прво го вперило оружјето кон обезбедувањето Драган Влаховиќ и испукало дури 14 истрели во него.

И тој не застана тука. Крвавиот пир всушност, само што започнал. Со оружје во рака се упатил кон училишната сала и продолжил да пука во две девојчиња. Низ салата одекнуваа истрели, а потоа Коста влезе во училницата каде се одржувал час по историја. Потоа повторно се слушнале грозоморните звуци - момчето почнало да пука во учителката, а потоа се свртело кон другарите. Започна нова серија на пукања.

Тој испукал вкупно 57 куршуми кон учениците и училишниот чувар.

Потоа, додека неговите врсници врескале, Коста го напуштил училиштето и, според медиумите, го ставил пиштолот до него, на скалите во училишниот двор. Веднаш повикал полиција во 8 часот и 42 минути и рекол: „Јас сум Коста Кецмановиќ, застрелав неколку луѓе“. Кога дошла полицијата, тој не дал отпор при апсењето.