-->
-->
Реконструкција на влезната улица во беровското село Митрашинци
-->

Започна реконструкцијата на влезната улица во беровското село Митрашинци во должина од 1.253 метри.
Како што информираат од Општинаа Берово, оваа патна инфраструктура ќе биде проширена од постоечките три метри на пет метри, а ќе бидат изградени и банкини од двете страни на патот. Потребата за изградбата на оваа улица ја наметна лошата состојба на постоечкиот пат, оштетениот асфалт кој создаваше потешкотии во одвивањето на сообраќајот, информираат од Општината.
Инаку, вкупната вредност на овој проект изнесува 16 милиони денари, дел од средствата, или 10 милиони денари се обезбедени од страна на АФПЗРР преку апликација од Центарот за развој на источниот плански регион, а околу 6 милиони денари се сопствено учество на општина Берово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинета во случајот „ИПАРД“ призна вина
-

Пораките на Димитровска објавени во судница
-

Функционерите не ги пријавуваат подароците кои ги добиваат во Антикорупциска
-

Кривични пријави за 6 лица од стоматолошката комора - заработиле половина милион евра со злоупотреби на лиценци
-

Михаела Доцова избрана за претседател на бугарскиот Парламент
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Се поставуваат камери од „Безбеден град“ во Охрид и Струга
-

Маржите за ѓубривата замрзнати, цените растат
