Реконтруиран покривот на светниколското училиште „Кирил и Методиј“

Заврши реконструкцијата на покривната конструкција на Општинското основно училиште (ООУ) „Кирил и Методиј“, инвестиција на Општина Свети Николе.
Портпаролот на Општина Свети Николе, Драги Миланов денеска информира дека по повеќе од пет децении, на Општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ е заменет стариот и дотраен покрив од азбестни плочи со современи панели кои целосно одговараат на стандардите за енергетска ефикасност и заштита на животната средина.
- Ова е реализација на уште еден проект кој е многу значаен за осовременување на условите за настава за учениците, како и за заштита на здравјето на децата и наставниците. Локалната самоуправа издвои средства во висина од четири и пол милиони денари за санирање на овој дамнешен проблем, вели Миланов.
Тој истакна дека реконструиран кат добија и средношколците во гимназијата „Кочо Рацин“, каде што од општинскиот буџет се променети прозорците, а во ООУ „Даме Груев“ во село Ерџелија со средства од Министерството за образование завршена е реконструкцијата на стариот покрив, променети се вратите и прозорците и целосно е уреден внатрешниот дел со цел учениците да имаат современа настава во ова училиште.вдј/14:50
Ново на Сител
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
