-->
-->
Рекорд на аукцијата за џиновски рубин - продаден за 34,8 милиони долари
-->
Џиновски рубин од 55,22 карати, наречен „Estrela de Fura“, најголемиот досега понуден на аукција, е продаден денеска во Њујорк за 34,8 милиони долари, што е рекорд за тој скапоцен камен, објави Сотби.
Исечен и обликуван во груб камен од 101 карат, откриен во септември во рудник во Мозамбик со кој управува компанијата Фура гемс, каменот беше ѕвезда на продажбата на дијаманти во која беа вклучени 100 други скапоцени камења.
Почетната цена на рубинот беше 21 милион долари, но анонимен купувач понуди 34,8 милиони долари.
Претходниот рекорд го држеше рубин од 25,59 карати од Мјанмар, продаден за 30,33 милиони долари. Таа продажба се одржа во Женева во 2015 година, исто така организирана од куќата Сотби.
Пред продажбата, рубинот беше изложен во Хонг Конг, Тајпеј, Сингапур, Женева, Дубаи и Њујорк.
На истата аукција беше продаден и реткиот розов дијамант „The Eternal Pink“ од 10,57 карати за 34,8 милиони долари. Тоа е исто така одлична цена за дијамант со таа боја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен
-

На Макрон му веруваат само една четвртина од Французите, најмалку од 2017 година
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
