Рекорден број новозаразени со Ковид во две австралиски држави

Австралиските држави Викторија и Квинсленд пријавија досега најголем број нови инфекции во последните 24 часа.
Министерката за здравство на Квинсленд, Ивет Д’Ат рече дека патниците кои не се од таа земја повеќе нема да мора да прават контролен ПЦР тест пет дена по пристигнувањето. Таа, исто така, рече дека од десетици илјади луѓе кои неодамна ја преминале границата на таа земја, само 0,6 отсто биле позитивни на тестот за корона вирус на петтиот ден.
Државата Викторија денеска пријави 2.738 новозаразени лица, што го надмина претходниот рекорд од 2.297 заразени лица, од средината на октомври.
Во најнаселената австралиска држава Нов Јужен Велс, бројот на случаи на коронавирус е малку намален, но тоа се совпаѓа со помалку тестирани околу Божик. Државата денеска пријави 6.062 новозаразени, што е повеќе во однос на претходниот ден – 6.324.
Министерот за здравство на Нов Јужен Велс, Бред Азар изјави дека обврската за патниците од Квинсленд да направат негативен ПЦР тест 72 часа пред поаѓањето врши непотребен притисок врз местата каде што се врши тестот.
Австралискиот министер за финансии Џош Фрајденберг побара да се воведат брзи антигенски тестови за патниците кои патуваат меѓу австралиските држави наместо ПЦР тестови, кои се поскапи и бараат подолго време за да се добијат резултати.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч
-

Јаневска: Неправилностите во работењето ќе значат одземање акредитации за високообразовни институции
-

Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена
-

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
-

Заврши заложничката драма во Берлин
-

Утре продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
