Македонија
25. December 2025 - 16:33

Рекорден буџет и големи капитални вложувања за Центар во 2026

43 проценти од буџетот за 2026 општина Центар ќе ги вложи во капитални проекти. Буџетот на општината е донесен со едногласна одлука на советот. Дом за стари лица, нова детска градинка во близина на клиничкиот центар, нова општинска зграда со 300 нови паркинг места, катна гаража во Буњаковец се дел од проектите за подобрување на квалитето на живот во општината.

Општината ќе ги следи политиките на Град Скопје кои ќе ги предвидат за намалување на аерозагадувањето. Една од мерките која веројатно ќе се воведе во сообраќајот е за движење на возилата по регистарски таблици пар непар.

Герасимовски најави бесплатен оброк за учениците во целодневна настава, поголема социјална помош, двојно повисока еднократна помош за пензионери и поддршка за новороденчиња од 10 000 денари.