Бизнис
9. May 2022 - 16:34

Рекордна инфлација од 10.5 проценти

Двоцифрена инфлација во април. Според статистика, за една година трошоците за живот пораснале за 10,5%. Со ова достигнат е максимумот во поновата макеоднска економска историја. Претходно, највисоката стапка на инфлација била измерена во март 2008 година кога изнесувала 10,2%.

Поранешниот гувернер на НБРМ, Петар Гошев, вели Владата е таа која треба да работи на зауздување на инфлацијата преку зајакната фискална дисциплина. Според него, мерките на НБРМ засега се доволни, натамошно затегање на кредитирањето само ќе ја намали економската активност и ќе влијае рецесионо. Но, затоа Владата затоа не смее да генерира поголеми расходи во услови на намалени приходи.

Инфлацијата, според Гошев, не ги погодува сите подеднакво, најмногу страдаат најсиромашните и тоа Владата може да го пегла со разумна фискална политика. Во овој момент само тоа е клучот за намалување на инфлаторниот притисок.

Според статитика, за една година најголем раст има кај горивото за 53%, гасот за 46,5%, транспортот за 22%, храната за 15%.

За еден месец пак, трошоците се зголемиле за 2,2%. Најмногу поскапело маслото за доплнителни 20% и зеленчукот за 10,5%.