Свет
7. April 2017 - 13:55

Рекордно ниво на доверба во германските медиуми

Според студија направена од Универзитетот Вурцбург, кој 15 години ги истражува односите меѓу јавноста и медиумите, 55,7 отсто од германските граѓани веруваат во германските весници, телевизии, радија и интернет портали во текот на 2016 година.

Наспроти нив, како што јави дописникот на МИА од Берлин, околу 25 отсто од испитаниците сметаат дека медиумите во Германија се „Lügenpresse”, збор кој во нацистичка Германија означувал „лажливи медиуми“.

Една од причините зошто Германците значителнно повеќе веруваат во своите медиуми, се инцидентите и опасната атмосфера која што владее кога новинарите известуваат од протести и настани организирани од страна на десничарските партии како АФД или организации како ПЕГИДА, се вели во студијата.

И предходните студии на оваа тема покажуваат дека голем дел од јавноста која што е заслепена од некои медиуми се непријателски настроени кон новинарите но уште поголе број луѓе се противат на непријателството кон известувачите и со тоа ја зголемуваат довербата кон медиумите, смета Мартин Хофман, истражувач во „Европскиот ентар за медиуми и слобода на говор“.

Оваа ситуација на помалку од шест месеци пред сојзуните парламентарни избори најмногу им одговара на најголемите умерени партии кој што предходно предупредуваа на кампањи со лажни вести кои можат да и помогнат на екстремно десничарската АФД да освои повеќе пратеници во Бундестагот.

Паралалено со предупредувањата, ЦДУ на Меркел и социјалдемократите деновиве донесоа закон со кој социјалните мрежи треба да се исчистат од говор на омраза и лажни вести со што треба да се намалат скандалозните и неточни вести кои што најчесто се однесуваат на бегалците и на прашања поврзани со муслиманите кои што се очекува најмногу да влијаат на расположението на германската јавност на изборите.