Македонија
19. July 2017 - 13:24

Рекреативна манифестација „Општина Новаци на точак“

Во рамки на „Културно лето Новаци 2017“ се одржа велосипедска тура Новаци-Добромири-Агларци.

Манифестацијата ја поддржа и се вклучи градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски кој потсети дека масовноста на акцијата се должи на субвенциите што таа локална самоуправа ги овозможува за купен велосипед.

- Оваа е многу интересна манифестација кој многу добро е примена кај жителите особено кај младата популација. На тој начин почнуваат да се гледаат резултатите од субвенциите за велосипеди кои ги дава општина Новаци со цел да ја поттикне нивната поголема примена а заради намалување на загадувањето и заштита на животната средина. Ќе продолжиме со вакви и слични спортско рекреативни манифестации, посочи Котевски.

Во рамки на „Културно лето Новаци 2017“, освен велосипедската тура се одржаа едукативна работилница како и изложба на стари велосипеди и велосипеди со мотор од Авто етно Музеј „Крклино“.