„Реквием“ на Моцарт повторно во Македонската филхармонија
Македонската филхармонија вечер, по подолго време, повторно ќе го изведе „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт, едно од најкрупните дела во класичната музика.
Под диригентство на маестро Емил Табаков од Бугарија, делото на Моцарт ќе биде изведено на симфонискиот концерт „Requiem Aeternam“ од страна на оркестарот на Македонската филхармонија, хорот при Факултетот за музичка уметност подготвен од маестро Сашо Татарчевски и од солистите Ким Лилијан - Стребел - сопран од Швајцарија, Мартин Ванберг - тенор од Шведска, Николина Јаневска - мецо-сопран и Владимир Саздовски - бас
На концертот се уште две импресивни дела, „Моц-арт ала Хајдн“ од Алфред Шнитке, на кое како солисти ќе се претстават виолинистите Владимир Костов и Владимир Крстев, како и Масонска погребна музика од Моцарт.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија
-
Веќе пет дена гори депонијата кај Прилеп
-
Штипска Онкологија има недостаток од кадар и просторни услови
-
Мицкоски во касарната ,,Гоце Делчев"
-
Преглед на вестите од светот
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи