Македонија
4. October 2022 - 9:04

Ремонт на Блок 1 во РЕК Битола

 Во РЕК Битола во тек е ремонт на Блок 1 кој е предвидено да заврши до 15 октомври, соопшти денеска АД ЕСМ.

-Поради енергетската криза во државата и Европа, ремонтите на блоковите во РЕК Битола годинава ќе бидат изведени за помалку од 30-тина дена, место вообичаените 45 и повеќе. Фокусот е ставен на највиталните делови од постројките кои после техничко-технолошкото освежување треба да обезбедат стабилност на производството, стои во соопштението.

Од АД Електрани на Северна Македопнија посочуваат дека ќе следуваат исти активности и на Блок 2. Во меѓувреме се очекува да пристигне трансформаторот за Блок 3, по што РЕК Битола, како што се наведува, би продолжил со работа со полн капацитет.