Живот
30. July 2023 - 14:08

Ренџери во национален парк во Јута испекоа кекси во паркиран автомобил

Вработените во Националниот парк Зајон во јужниот дел на американската сојузна држава Јута, испекоа кекси во паркиран автомобил за да покажат кој е голема жештината што го зафаќа тој дел на САД.

Затоа решивме да печеме колачиња, велат ренџерите во објава на Инстаграм, во која е објавено и видео на кое се прикажува како ренџерите ставаат тепсија со колачиња врз контролната табла во автомобилот.

На кексите им требало три часа да се испечат, а ренџерите коментираат дека излегле „малку крцкави“.

Температурите во Зајон во изминатите недели постојано беа над 38 степени Целзиусови, што значи дека температурите во возилата таму можат да достигнат и 93 степени Целзиусови, пренесуваат американските медиуми.

Пред дa се испечат колачињата, во автомобилот бил поставен термометар кој се стопил од топлината.