Loading Video...
Фудбал
17. April 2021 - 19:59

Ренова го совлада Силекс со 2-1

Ренова и Силекс го отворија викенд 28-то коло во домашното фудбалско првенство.  Гипсарите славеа со 2-1 со што за момент излегоа од опасната зона. 
Останатите средби од ова коло се играат утре во 13ч. 
 
Во Тетово се одигра супер важен меч за Ренова и Силекс на кој гипсарите ја искористија предноста на домашниот терен и освоја значајни три бода за влез во безбедната зона. Уште по половина час игра  Шефити и Јусуфи  ја доведоа Ренова до значајно водство од 2-0 што беше и резултат од првиот дел. 
По направените три замени  гостите од Кратово  ја подобрија својата игра  и притискаа кон голот на Велии но  дури во 90-тата минута преку Галевски  го ублажија  водството  и да ја направат завршницата неизвесна и драматична но не успеаја да го избегнат поразот од 2-1.