Македонија
29. December 2018 - 9:01

Реновиран оперативен блок ќе биде промовиран во Гинекологија во Чаир

 Реновиран гинеколошки оперативен блок ќе биде промовиран денеска во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза‘’ – Чаир.

Станува збор за простор на површина од 420 м2, со целосно  реновирање на двете постојни гинеколошки оперативни сали и воведување централен довод на гасови, како и целосно  реновирање на  одделот за реанимација и интензивно лекување. Реконструкцијата е извршена во периодот јуни-декември годинава.