-->
-->
Реновирана Белата куќа
-->

По двомесечно реновирање, што чинеше над три милиони долари, Белата куќа доби сосем нов изглед. На влезот на „западното крило“ на службената резиденција на претседателот на САД е поставен и знак за добредојде, јавува Си-Ен-Ен.
Само новите 6.000 метри тепих чинат повеќе од милион долари.
Во Овалниот кабинет пак, има нови тапети коишто ги избра лично Доналд Трамп, а на таванот над лустерот е поставена скулптура - златен орел. Во Рузвелтовата соба е поставен портрет на Френклин Рузвелт.
Во однос на практичните работи и техничката реконструкција, системот за греење е обновен, како и климатизацијата и ИТ системот.
И, сето тоа е направено и набавено во САД, соопштуваат од Белата куќа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ССМ поднесе иницијатива за намалување на функционерските плати за 80%
-

Занаетчиите против минималец од 600 евра – ќе има отпуштања и клуч на врата
-

ЕБОР го откочи процесот за БРТ: Колку нови автобуси ќе има за скопјани?
-

Одбележани 154 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев
-

Преглед на вестите од светот
-

Министерството за здравство го истражува „извозот на мозоци“
-

154 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев
-

Владата и УПОЗ утре ќе го потпишат колективниот договор, ССМ од вторник почнува со блокади
