Реновирано основното училиште „Мурат Лабуништа“ во Лабуништа
Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, министерот за економија Беким Незири, министерот за локална самоуправа Лирим Шабани и пратеници од регионот, денеска го посетија основното училиште „Мурат Лабуништа“ во с. Лабуништа, општина Струга, каде што во тек е реконструкција на старите и дотраени прозорци.
- Инвестицијата е на Министерството за образование и наука во висина од 100.000 евра и со неа се врши замена на старите и дотраени прозорци. Се надевам дека оваа инвестиција ќе ги подобри условите и квалитетот на образованието во училиштето, а истовремено ќе придонесе за намалување на трошоците за греење, изјави министерот Адеми, додавајќи дека ова не е единствената инвестиција за ова населено место, затоа што за неколку дена ќе започне и изградбата на спортската сала, инвестиција вредна околу 41 милион денари.
За општина Струга, потенцираше Адеми, ова не е последна инвестицијата, затоа што годинава почнува проектот за инсталирање на централно греење во основното училиште „Ашим Буши“ во село Јаргулишта.
- Се надевам дека нема тука застанеме и дека ќе продолжиме со продолжиме со инвестиции за подобрување на условите во училиштата во општина Струга, истакна Адеми.
Ново на Сител
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата