Реновирано подрачното училиште во гевгелиското село Кованец

Општина Гевгелија целосно го реновира старото и пропаднато подрачно училиште во селото Кованец, кое повторно ќе биде ставено во функција во второто полугодие од оваа учебна година.
Во стариот објект, кој доби и нова фасада, уредена е една училница, наставничка канцеларија, училишна кујна и тоалети. Според изборното ветување на гевгелискиот градоначалник Иван Франгов, училиштето во Кованец сега е целосно опремено и согласно извршениот технички прием ги исполнува сите услови да функционира како подрачно училиште во состав на основното училиште „Ристо Шуклев“ од Негорци.
Мештаните на Кованец, задоволни од исполнетото ветување, изразија голема благодарност до гевгелискиот градоначалник Франгов и општина Гевгелија затоа што нивните деца повеќе нема да патуваат до Негорци за да одат на училиште.
Реконструкцијата на училиштето во Кованец чинеше повеќе од 700.000 денари кои беа обезбедени од буџетот на општина Гевгелија.
Ново на Сител
-

Бојан Маричиќ избран за нов претседател на ДИК
-

Приведени пет лица во село Брвеница, пронајдено оружје и дрога
-

Енрике: Целта на ПСЖ е директен пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите
-

Филипче: Поготвени сме за избори во кое било време
-

Судиите утре избираат член на Судскиот совет од немнозинските заедници
-

Оклахома поуспешна од Њу Орлеанс, Денвер загуби од Детроит
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска „ја доби војната“ со Словенија
-

Ѓоковиќ го сруши рекордот на Федерер по победи на Австралија опен
