Репортери без граници: Годинава убиени 65 медиумски работници
Во текот на 2017 година беа убиени 50 новинари, седум блогери и осум лица вработени во медиуми или вкупно 65 медимски работници, соопшти организацијата Репортери без граници.
Од вкупната бројка, 39 новинари биле убиени со намера, а 26 загинале во несреќни случаи при извршување на работните обврски.
Се работи за најмала бројка на новинари убиени во текот на една година во изминатите 14 години, што, според Репортери без граници, се должи како на подобрата заштита при работа, така и на фактот дека новинарите избегнуваат да работат во најопасните светски жаришта.
Сирија останува најопасна земја за новинарската професија, со 12 убиени новинари. Во Мексико биле убиени 11 новинари, во Авганистан 9, во Ирак 8, а четворица на Филипините.
Најчесто на удар во 2017 година биле новинари кои известуваат од воените зони, како и тие што пишуваат за шверцот на дрога и за други видови организиран криминал.
Ново на Сител
-
ЈП ПОЦ: Со „пајак“ санкционирани 194 непрописно паркирани возила во Центар
-
За прв пат од 2014 година во Ла Лига, Барселона не упати удар кон противничкиот гол
-
Синер го победи Де Минаур на завршниот АТП турнир
-
Џејмс е најстариот играч во НБА кој забележал трипл-дабл во два последователни натпревара
-
Јокиќ со четврти последователен трипл-дабл
-
Иран: Трамп да го запре континуираниот геноцид во Појасот Газа
-
Викендов во Скопје подигнати 70 кубни метри непрописно одложен отпад
-
Украина прогласи висок степен на тревога