Фудбал
2. September 2016 - 10:22

Репрезентативците донираа 7 илјади евра за поплавените граѓани

Членовите на А-фудбалската репрезентација на Македонија собраа парични средства во висина од 7 илјади евра како помош за граѓаните чии домови беа поплавени во месец август. 

Репрезентативците ги донираа хонорарите од репрезентативен повик и средставата се веќе уплатени во надлежните институции. 
Оваа иницијатива потекна од капитенот Пандев и селекторот Игор Ангеловски а беше поддржана и од ФФМ.