Ретроспективна изложба на фотографии на Александар Кондев

Националната галерија на Македонија (НГМ) организира ретроспективна изложба на фотографии на Александар Кондев која ќе биде отворена вечер во Чифте амам.
НГМ соопшти дека фотографско творештво на Александар Кондев (1950) е нераскинливо сврзано со пробивите на современата фотографска мисла кај нас и дека тој денес е безмалу единствениот претставник на генерацијата македонски фотографи кои ја осовременија македонската фотографија, кои во 1970-тите и 1980-тите внесоа поинаква естетика и нови хоризонти во третманот на оваа уметност.
- Неговото безмалу педесетгодишно присуство во македонската фотографија едновремено е и важно сведоштво и за вкупниот развој на фотографијата кај нас, а неговото фотографско творештво се вбројува меѓу највисоките дострели на македонската фотографија од втората половина на минатиот век до денес, соопшти организаторот на изложбата.
Куратор на проектот е Златко Теодосиевски. Изложбата ќе биде поставена до 22 ноември 2015.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Централна свеченост по повод 18 август - Денот на Армијата
-

Муцунски: Надворешната политика е државна политика
-

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати
-

„Не го гаснете селото“, нов протест на родителите на учениците од с. Долни Балван
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
