Фудбал
7. July 2015 - 11:02

Реванш дуели од 1.коло од квалификациите на ЛШ

Четири реванш натпревари на програмата се денеска од првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Вистинските возбудувања ќе следуваат од следната рунда, кога ќе се појават и прваците од поквалитетните лиги, а меѓу нив и македонскиот шампион Вардар.
 
Вечерва се играат дуелите: Левадија – Крусадерс (0:0 прв натпревар), Санта Колома – Линколн (0:0), ТНС – Б36 (2:1) и Фолгоре – Пјуник (1:2).
 
И еден реванш натпревар од првото коло од квалификациите од Лига Европа се игра вечерва. Шамрок Роверс е домаќин на Прогрес, а првиот дуел заврши без голови.
 
Македонските екипи реванш дуелите од оваа фаза во ова натпреварување ќе ги одиграат во четврток. Работнички е домаќин на Флора (1:0 за Флора на првиот дуел), Ренова гостува кај Дачија во Молдавија (1:0 за Дачија) и Шкендија ќе истрча на теренот на Абердин во Шкотска (1:1 на првиот дуел)