Ревија на народни носии во Струга
„Машки народни носии“ е тема на овогодинашната Ревија на народни носии што денеска ќе се одржи во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга во организација на културно уметничкото друштво „Илинден“, со поддршка на Министерството за култура.
Раководителот на КУД „Илинден“ Љупчо Милошески информира дека на сцената ќе продефилираат 20 ревијалци, кои ќе ги претстават машките народни носии на 11 колекционери и културно уметнучки друштва.
- Годинашната тема е „Машки народни носии“ и секој учесник треба да претстави народни носии со оваа тематика. Во соработка со Домот на културата од Гевгелија ќе биде прикажана и адаптација на Лазаренки - реликвија на етничкиот предел Бојмија, изјави Милошески за МИА.
Ревијата на народни носии во Струга е со долгогодишна традиција, која по пауза од седум години, пред три години беше возобновена од КУД „Илинден“.
Ново на Сител
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

„Безбеден град“ дава резултат
