Ревија на олдтајмери низ улиците на Охрид
Ревијaлна изложба на стари автомобили – „олдтајмери“ денеска ќе биде претставена во Охрид. Како и минатата година, предвидено е во рамки на ревијата низ улиците на Охрид да продефилираат триесеттина раритетни возила, од најразлични автомобилски марки.
Како што појасни Ѓоко Апостолов, раководител на општинскиот Сектор за туризам и локален економски развој, станува збор за атракција што сигурно ќе го привлече вниманието на туристите во градот.
- Автомобилите ќе бидат изложени во центарот на Охрид, а дел од нив ќе бидат на плоштадот „Чинар“ како едно надополнување на фестивалот на „Вино и сирење“ односно надополнување на самата сцена и кореографијата, рече Апостолов.
Автомобилите што се дел од ревијата денеска ќе продефилираат на потегот од Охрид до Пештани и назад, по што примероците ќе бидат изложени за фотографирање на Градскиот кеј.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи