-->
-->
Ревија на олдтајмери во Автокоманда
-->

На плоштадот во Автокоманда денеска по четврти пат се одржа ревија на олдтајмери во рамките на одбележување на 3-ти ноември - Денот на општина Гази Баба. На ревијата која е во организација на општина Гази Баба и АКК Примо АВЈ, учествуваа 35 сопственици со своите возила од Македонија и Србија.
Настанот го отвори градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, кој во своето обраќање апелираше до сите учесници во сообраќајот да внимаваат на безбедноста, на сообраќајните правила и прописи.
Тој ги разгледа сите изложени автомобили, кои потоа возеа од плоштадот во Автокоманда до Скопскиот саем, а од таму низ улиците на градот се до Триумфалната порта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
-

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина
-

Иран нападна цели во соседните земји
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
