Ревитализација на стариот чинар и на уште неколку повеќевековни стебла низ Охрид
Општина Охрид ќе спроведе санација, ревитализација и статичко обезбедување на стариот чинар, како едно од карактеристилните обележја на градот.
Активностите се во согласност со иницијативата покрената од Одделението за заштита и влијание врз животната средина, за препрогласување на охридските чинари за споменици на природата, за што беа изготвени соодветни елаборати за нивна валоризација/ревалоризација, санација и ревитализација.
Согласно изготвените елаборати Советот на општина Охрид донесе Одлука за предлагање за прогласување на чинарите во поширокото градско подрачје во Општина Охрид и кочеџикот во дворот на црквата Св. „Богородица Перивлепта“ во категорија – СПОМЕНИК НА ПРИРОДАТА. Целокупната документација во 2017 година е доставена до МЖСПП како надлежен орган за прогласување на чинарите за споменици на природата со што Општина Охрид ќе добие право на управување со чинарите.
Со проектот се опфатени повеќе стебла од видот чинар (Platanus orientalis) на неколку локации низ градот како и едно стебло кочеџик (Celtis Australis) во дворното место на црквата „Св.Богородица Перивлепта“.
Според информаците од Општина Охрид, во тек е тендерска постапка за избор на стручна фирма што ќе ги спроведе предвидените активности.
Инаку, за староста на чинарот во Охрид како препознатливо обележје на градот, постојат повеќе мислења, од кои едното посочува дека дрвото е старо 11 века, а го засадил Свети Климент Охридски уште за времето на постоењето на првиот Словенски универзитет во Охрид.
Ново на Сител
-

Откриени шест римски вили на трасата на гасоводот меѓу Македонија и Грција
-

Сител на терен: Даночни инспектори ги тресат Камените Кукли, овој пат со полициска придружба
-

Преглед на вестите од светот
-

Државата ќе гради Национален дата-центар
-

Пет лица под лупа на ДКСК поради истовремено извршување повеќе функции
-

Се е подготвено за вечерашниот старт на Пиво фест, ќе трае до недела, се очекуваат гости од цела Македонија
-

Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања

