Резников: Украина има сериозни шанси да направи пробив во текот на летото
Имаме сериозни шанси да направиме пробив во текот на летото, изјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников во интервју за францускиот дневен весник „Вест-Франс“.
-Сакаме да ја скршиме волјата на Русите за победа во војната, рече Резников, нагласувајќи дека целта на контраофанзивата е Украина да ги врати своите територии „во меѓународно признаените граници од 1991 година, вклучувајќи го и Крим“.
Контраофанзива од големи размери „ќе доведе до ново повлекување на Русите од нашите територии“, прогнозира украинскиот министер.
Руската приватна воена компанија „Вагнер“ користеше затвореници и за време на осуммесечната опсада на Бахмут беа убиени и ранети 60.000 луѓе“, изјави Резников за францускиот весник, без да прецизира дали станува збор за вкупните загуби на двата табора или не.
Во интервјуто, украинскиот министер за одбрана нагласува и дека на Украина итно и треба оружје од нејзините западни сојузници.
Резников изрази и надеж дека „до крајот на годината“ Киев ќе добие борбени авиони Ф-16 од американско производство, со чија помош украинските сили ќе можат да се спротивстават на руската авијација.
Ново на Сител
-
Приведен штипјанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата
-
Сиљановска-Давкова: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир
-
Декларацијата на самитот во Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници
-
Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина
-
Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина
-
САД уништи седум радари на територијата контролирана од Хутите
-
Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД
-
ЦУК: Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата