Резултати од проектот на АХВ за побезбедна храна

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски денеска ќе ги презентира резултатите од проектот „Градење на капацитетите на надлежните служби за безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика”.
Проектот вреден 1,795 милиони евра, почна на 21 декември 2013 година, а целта беше подобрување на заштитата на луѓето, животните и здравјето на растенијата, преку зајакнување на постоечкиот институционален капацитет на системот за безбедност на храната со обезбедување интегриран, мултидисциплинарен пристап, во кој се опфатени сите фази од синџирот на исхрана.
На презентацијата ќе се обратат и евроамбасадорот Аиво Орав, како и тим лидерот на проектот Мина Барова, а ќе присуствуваат претставници од Државниот инспекторат за земјоделство, Фитосанитарната управа и Државната фитосанитарна лабораторија кои учествуваа во реализацијата на проектот.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
