Ракомет
16. April 2020 - 18:10

РФМ: Новата вонредна состојба означи крај на ракометната сезона

Нови 30 дена вонредна состојба во Македонија што значи уште еден месец без активност на спортските терени.  Крај на неизвесноста одлучи да стави Ракометната федерација која испрати предлог до клубовите како да се надмине состојбата. 
 
Според предлогот  РФМ нема да прогласи шампион додека местата во регионалната СЕХА лигата и европските купови ќе бидат распределени според критериумите на федерацијата. 
Значајно е што Супер лигата наредната сезона ќе брои 16 екипи  кои ќе бидат поделени во две групи. Тоа би значело дека нема да има испаѓање плус ќе бидат вклучени четири екипи од Првата лига и екипите кои настапуваат во СЕХА лигата. 
Ваквата одлука се заснива врз превентивните мерки и донесените Уредби од страна на владата. 
РФМ најавува крај на сезоната откако увиде дека нема услови за доигрување на истата.
Во предлогот стои проширување на Супер лигата на 16 клуба без да има испаѓање. Во системот се враќаат екипите од СЕХА, а влегуваат и четири екипи од Првата лига. Самиот факт дека поголемиот број договори на ракометарите  со клубовите имаат валидност заклучно до 31.мај,  како и насоките од Европската Ракометна Федерација за завршување на националниот систем на натпревари до крајот на мај , се наметнува заклучокот дека моменталната состојба не дозволува и не постојат реални услови за регуларно завршување на домашното првенството.
Според овој предлог нови членови на Супер лигата би биле Астрион, Тиквеш, Прилеп и КЛ7.