-->
-->
Рид од карпи се сруши на патот Кочани – Македонска Каменица – Делчево
-->
Цел рид од карпи се сруши на патниот правец Кочани – Македонска Каменица – Делчево во близина на село Истибања, кај местото „Саваро“ со што целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица – Делчево. Според информациите од вработени во Македонија пат теренот е незбезбеден, камења се рушат на секои 5 минути и затоа возилата се пренасочуваат преку алтернативни сообраќајници.
-Свлечиштето започнало да се руши околу 11 часот. Во тоа време имало само една цистерна која поминувала по патот, но кога видела дека паѓаат огромни камења возачот го запрел возилото. За среќа нема повредени. Од безбедносни причини патот е затворен за сообраќај, информираат од подружницата на ЈП „Македонија пат“ во Кочани.
На терен се наоѓа и државниот инспектор за сообраќај и патишта кој врши увид на местото и со дополнителни информации се најавуваат во текот на денов.
Од Македонија пат најавуваат дека во наредните два-три дена патниот правец Кочани – Македонска Каменица – Делчево ќе биде затворен за сообраќај, бидејки ќе биде потребно минирање на останатиот дел од свлечиштето, а дополнително ќе следи и расчистување на теренот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За продолжениот викенд пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме
-
Потврдено повлекувањето на Ковачевски, директни внатрепартиски избори во јуни
-
Таравари: Се уште немам решено дали ќе бидам министер за здравство
-
Определени мерки за претпазливост за Иџет Мемети
-
Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Милошоски: Нова Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ до 20 јуни
-
По прегласувањето во ИЕ 6 „Европски фронт“ изгуби, а „Вреди“ доби еден мандат, без промени во ИЕ 5
-
Претседателката Сиљановска Давкова на аудиенција кај папата Франциск