РИК: Србите од Косово на претстојните избори на 17 декември ќе можат да гласаат само во Србија
Републичката изборна комисија на Србија (РИК) соопшти дека нема услови за одржување на вонредните парламентарни, покраински, локални и изборите за градот Белград на 17 декември на Косово, па гласачите од Косово ќе можат да го остварат своето право во Врање, Куршумлија, Рашка и Тутин, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што изјави претседателот на РИК Владимир Димитријевиќ, тие испратиле писмо до владината Канцеларијата за Косово и Метохија за начините како да се овозможи гласање на изборите на подрачјето на Косово.
-Од канцеларијата сме информирани дека не е можно да се спроведе изборна процедура на Косово која би била во согласност со законските прописи, бидејќи „привремените приштински институции“ на чело со Албин Курти го условуваат гласањето со признавање на самопрогласената независност на Косово и одбивање да ја обезбеди работата на ОЕБС, која асистира на изборите уште од 2012 година, рече Димитријевиќ.
Членот на РИК Немања Станковиќ предложи РИК да стапи во контакт со српската влада за да стапи во контакт со УНМИК и другите власти и дека тие не треба така лесно да се откажат од гласањето на Косово.
Членот на РИК, Мирослав Васиќ, рече дека не е јасно кому се обратила Канцеларијата за Косово и Метохија и каков одговор добила, но дека постојат меѓународни гаранти на разни договори и дека не треба да се сфаќа несериозно ова преместување на избирачките места.
Жељка Радета рече дека до 2022 година ОБСЕ имаше улога во изборите, но сега веќе нема, дека Канцеларијата за КИМ во своето писмо ги навела причините зошто нема можност да се одржат изборите и дека одлуката за поместување на глаањето е „единственото правилно и можно“.
Ново на Сител
-

Повеќе од 25.000 домаќинства во Берлин четири дена се без струја по нападот врз електричната мрежа
-

На ГП „Блато“ приведен албански државјанин, се запалило и возило во колона
-

Во опожарениот бар во Кран Монтана од 2019 година немало инспекции за противпожарна безбедност
-

Приведен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“
-

Приведен 51-годишник од демиркаписко, под дејство на алкохол се заканувал на неговата мајка
-

Во продажен објект пронајдени 1233 парчиња пиротехнички средства, приведен сопственикот на објектот | ФОТО
-

Облачно време со врнежи од дожд и снег
-

ЕК со предупредување до САД: Окупацијата на Гренланд би била крај на НАТО
